Државата Србија целосно ја презеде авиокомпанијата „Ер Србија“

Министерот за финансии Синиша Мали соопшти дека државата Србија денеска ќе ги заврши сите потребни документи и ќе го преземе преостанатиот удел во авиокомпанијата „Ер Србија“ од „Етихад Ервејс“.

-„Ер Србија“ е најголемата авиокомпанија во регионот. Од компанија која беше во банкрот, ја претворивме во лидер кој сега лета на четири континенти, во голем број земји и станавме пример како преку авиокомпанија која е успешна, можете дополнително да придонесете за економскиот развој на вашата земја, изјави Мали пред новинарите во Министерството за финансии.

Тој додаде дека државата ќе посвети целосно внимание на натамошниот развој на „Ер Србија“ и изјави дека ќе следи набавка на големи авиони, отворање на нови дестинации.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето од „Етихад Ервејс“, кои се наши партнери и косопственици на „Ер Србија“ од 2013 година. Тие ја напуштаат „Ер Србија“ поради нивните деловни одлуки, а наше е да ја развиеме нашата компанија, додал Мали. 

Треба да знаете
Последни објави