За пет часа поради непрописно престигнување санкцинирани се 108 возачи

Во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 108 возачи. Од нив, 36 на територијата на СВР Тетово, 24 на територија на СВР Охрид, 18 на територија на СВР Битола… За време на контролата санкционирани се и 211 други видови на прекршоци. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Треба да знаете
Последни објави