Војниците на израелската армија ја окупираа зградата на парламентот во градот Газа, објави „Тајмс од Израел“.
На социјалните мрежи се објавени слики на кои се гледа како војници го држат израелското знаме во зградата на парламентот во Газа, јавуваат израелските медиуми.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претходно изјави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата врз Појасот Газа.
„Невозможно е да се запрат израелските вооружени сили. Тие напредуваат до секоја точка. Хамас ја загуби контролата над Газа. Терористите бегаат на југ. Цивилите ги ограбуваат базите на Хамас. Тие немаат доверба во владата“, рече Галант.