Актуелниот италијански фудбалски шампион Наполи, за кого настапува македонскиот репрезенатативец Елиф Елмас, има нов тренер. Инсајдерот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо и италијанските медиуми, објавија дека до крајот на сезоната тимот ќе го предводи 62-годишниот Валтер Мацари. За искусниот стратег Мацари ова е враќање во Неапол по една деценија откако беше трнер на Наполи од 2009 до 2013 година, Во 2012 го освои Купот на Италија.
Првиот човек на клубот се реши за Мацари бидејќи тој прифатил договор до крајот на сезоната. Првиот фаворит за тренер, Игор Тудор ја одбил оваа опција, тој инсиситирал на две годишен договор.
Мацари, по Наполи ги тренираше Интер, Ватфорд, Торино и Каљари, а без ангажман е од мај минатата година.
Актуелниот шампион во Серија А веќе заостанува 10 бода зад лидерот Интер по 12 кола оваа сезона. Рудија Гарсија доби отказ по шокантниот пораз на домашен терен од Емполи минатиот викенд.