Албанските пратеници, откако годинава, си изгласаa, речиси двојно зголемување на платите, ги зголемиле и останатите додатоци кои ги остваруваат.
-Собранискиот биланс покажува дека во месец септември пратениците и министрите добивале повеќе пари од дневници, гориво и кирии отколку од плата. Финансискиот извештај покажува дека уплатата достигнала вредност од 57,6 милиони леки, односно околу 549 илјади евра, депонирани на банкарските сметки на пратениците, јави Euronews Albania.
Од 115 илјади леки нето, нивните плати се зголемија на 225 илјади леки или 2.150 евра.
-Во меѓувреме, хонорарите, надоместоците за гориво, кириите, телефонските и други поволности се удвоени откако во собранието беше изгласан законот за плати и додатоци. Овие последниве не се унифицирани и се поделени според дејноста на секој пратеник, па денеска некои од нив добиваат и до 385 илјади леки месечно, наведува телевизијата.
Од список за минатиот месец, произлегува дека просечните примања на пратеник во Собранието достигнуваат 440 илјади леки или околу 4.200 евра.