Министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, поддршката на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, партнерството во рамки на НАТО, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика. Планирано е министрите да потпишат Акциски план за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на двете држави и Протокол за соработка во областа на образованието.
За време на престојот во Скопје, министерката Одобеску ќе оствари средби и со останатите претставници на државниот врв.