Владата, на предлог на Министерството за култура, донесе Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк” – Коџаџик, Центар Жупа. Целта на одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско етнолошки предмети поврзани со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на други етнолошки и историски предмети од значење за Република Северна Македонија.
Во селото Коџаџик инаку веќе постои Спомен-куќата на Мустафа Кемал Ататурк, чиј татко потенувал токму од ова село. Семејството на Мустафа Кемал Ататурк, според сознанијата на македонските и турските историчари и археолози, живеело во Коџаџик во втората половина на 19 век. Кон крајот на 19 век, таткото на Кемал, Али Риза, се иселил во Солун и се оженил со Зебеиде Ханим, која потекнувала од старо турско семејство од Лангаса, близу Солун. Таму бил роден и нивниот син Кемал Мустафа. Али Риза, воден од желбата да ја сочува врската со родната земја, го испратил синот во војното училиште во Битола.