Циципас: Не сакам да се повлекувам од турнирите

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас денеска по повлекувањето од турнирот во Торино изјави дека не сака да се повлекува од турнири, но дека овојпат бил принуден на тоа. Циципас поради повреда реши да се повлече од Завршниот турнир во Торино, по што денеска му го предаде мечот на Холгер Руне.

„Им се извинувам на сите навивачи и гледачи кои дојдоа да ме поддржат денеска. Мојот доктор по безброј прегледи во изминатите неколку дена ми предложи да играм, ми даде зелено светло да одам и јас се обидов. За жал, се чувствував ужасно и очајно на теренот. Направив што можев, направив се на најдобар начин за да бидам подготвен за мечот, но не успеа“, изјави Циципас на прес-конференцијата.

Тој додаде дека „не е од оние кои сакаат да се пензионираат среде натпревар“. „Ме убива тоа што не можам да го завршам овој турнир! Ова е натпреварување за кое долго се подготвував, се обидов да бидам максимално подготвен да го дадам максимумот како тенисер“, заврши Циципас.

Треба да знаете
Последни објави