Босанското дерби меѓу градските фудбалски ривали Вележ и Зрињски заврши со победа на домашната екипа (3:0), а натпреварот го одбележаа инциденти и прекини во режија на навивачите од чие дивеењето за малку не настрада фудбалер. Вележ до убедливиот триумф стаса со погодоците на Хаскиќ во 42. и Гулијашивили во 53. и 70. минута, што предизвика еуфорија кај речиси седум илјади навивачи на трибините во Мостар.
Мостарската пресметка беше трипати прекинувана. Прво поради тепачка помеѓу навивачите на Зрињски со обезбедувањето и полицијата, вториот пат поради транспарентите кои ги истакнаа навивачите на домашната екипа, а третиот пат поради ракетите кои беа уфрлени од трибината каде што се наоѓаат навивачите на Вележ.
Еден од проектилите заврши на теренот и можеше сериозно да го повреди играчот на Зрињски, Томислав Киш, со оглед што помина на милиметри од неговата глава.