Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека израелската армија (ИДФ) ја пробила одбраната на палестинската милитантна група Хамас во градот Газа, од север и од југ. Тој изјави дека ИДФ го контролира воздушниот простор во северна Газа, вклучувајќи го и градот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Ја овластив армијата да продолжи да напредува и денеска и во наредните денови за да ги заврши задачите. Нема да има безбедно место за Хамас додека не ја завршиме нашата мисија и не ги вратиме заложниците“, рече Галант.