Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги информира граѓаните на Скопје и особено станарите во кулите Џевахир – „Скај сити“, како и од околината, во Аеродром и Ново Лисиче, дека денеска ќе има противпожарно тестирање во една од овие висококатници.
– Регионалниот ЦУК Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила дека ќе тестира противпожарна (ПП) опрема во комплексот висококатници Џеваир сити (во зграда А), денеска, во период од 11 до 12 часот. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна (ПП) опрема и нема да биде реална ситуација на територијата на Општина Аеродром, велат од ЦУК.