Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз лесно триумфираше во вториот меч од групата Б на завршниот Мастерс во Торино, против рускиот тенисер Андреј Рубљев – 7:5, 6:2.
Алкараз беше под притисок по почетниот пораз во дуелот со Александар Зверев, но во мечот од второто коло од групата Б убедливо стигна до триумфот, останувајќи во трка за пласман во полуфиналето, за кој ќе се соочи и со рускиот тенисер Данило Медведев.
Алкараз немаше поголеми проблеми на мечот со Рубљев. Во првиот сет и двајцата тенисери ги чуваа своите сервиси до 11-тиот гем, по што младиот Шпанец направи брејк и лесно го приведе сетот до крај. На Алкараз му беше уште полесно во вториот сет, одземајќи го сервисот на својот ривал во првиот гем, повторувајќи го тоа и подоцна во натпреварот, сосема доволно за убедлива победа.