Израелското Министерство за национална безбедност денеска соопшти дека на Израелците во просек дневно им се издаваат околу 1.700 дозволи за оружје за време на војната против Хамас.
Ова е нагло зголемување во однос на претходните години. Од 7 октомври кога почна војната до Министерството се поднесени околу 236.000 барања за дозволи.
Како што се наведува, бројот на поднесени барања за нешто повеќе од еден месец е еднаков на бројот на поднесени барања за повеќе од дваесет години рутинска активност, објави израелскиот весник „Хаарец“.