Албанија е избрана за член на Извршниот совет на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации –УНЕСКО за период 2023-2027 година.
Информацијата синоќа ја соопшти министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани преку објава на платформата Х.
– Добри вести од Париз: Албанија штотуку е избрана за членка на Извршниот совет на УНЕСКО за 2023-2027 година. Им благодариме на сите земји-членки кои ни ја доверија оваа важна одговорност и со нетрпение очекуваме тесна соработка со сите членови на Одборот, во духот на дијалогот и консензус, пишува Хасани.
Порачува дека во ” свет растргнат од повеќе кризи, ни треба повеќе од кога било да инвестираме во мир”.
-Улогата на УНЕСКО е понеопходна од кога било. Секоја чест за амбасадорката Бесиана Кадаре и Албан Дипло за одличната работа, посочува Хасани.
Албанија членка на УНЕСКО е од 16 октомври 1958 година.