Најмалку 26 лица загинаа во пожар што денеска зафати деловна зграда во северна Кина, јавуваат државните медиуми.
Пожарот избувна во четирикатница во градот Лулијанг во провинцијата Шанкси околу 7 часот по локално време.
Според медиумите, пожарот е ставен под контрола, а 63 лица се пренесени во болници.
Пожарот избувна во покраината, која е најголем производител на јаглен во земјата.
Во Кина чести се индустриските несреќи кои можат да резултираат со пожари поради слабите безбедносни стандарди, пишува Би-Би-Си.