Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец се уште е целосно во прекин, информираат утрово од Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од Македонски железници.
– Патничкиот сообраќај сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.
На барање на Македонски железници професори од Градежен факултет вчера биле излезени на терен и извршиле увид на состојбата со мостот.
Потоа биле на состанок во ЈП Македонски железници се со цел изнаоѓање на решение за санација на мостот и мерки и активности кои што треба да се превземат за да се надмине настанатата состојба, велат од ЦУК.
Посочуваат дека за донесените одлуки дополнително ќе информираат кога ќе добијат известување по завршувањето на анализите и разгледувањето на ситуацијата.