Шефот на ОН за човекови права Волкер Турк денеска ги осуди сериозните наводи за кршење на меѓународното право во конфликтот меѓу Израел и Хамас, укажувајќи дека е потребна меѓународна истрага.
„Екстремно сериозните обвинувања за повеќекратни и длабоки прекршувања на меѓународното хуманитарно право, кој и да ги изврши, бараат ригорозна истрага и целосна одговорност“, рече Волкер Турк на брифингот за ситуацијата до земјите-членки на ОН.
Тој додаде дека е „потребна меѓународна истрага“.