Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 233 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 37 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.