Македонскиот актер Мето Јовановски почина денеска на 77годишна возраст, објави актерот Драган Спасов Дац на својот Фејсбук профил.
Јовановски е роден во 1946 година, а својата прва улога ја има во филмот „Македонскиот дел од пеколот“ по што остварува важни улоги во бројни играни филмови и ТВ серии во Македонија но и во регионот (Трст виа Скопје; Опстанок; Тетовирање, Пред дождот; Трето полувреме…)
Добитник е на бројни награди на фестивали, но и на државни награди.