Галант го спореди лидерот на Хамас со Бин Ладен

Израелскиот министер за одбрана Јаов Галант го нарече највисокиот воен функционер на палестинската милитантна група Хамас во Газа, Јахја Синвар, „новиот Осама бин Ладен“, споредувајќи го со лидерот на Ал Каеда кој ја презеде одговорноста за нападот на 11 септември 2001 година во Светскиот трговски центар во Њујорк.

„Јахја Синвар е новиот Бин Ладен и ние ќе го ловиме и ќе постигнеме победа“, напиша Галан на својот профил на мрежата X по состанокот со францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну, објави Ал Џезира.

Како што наведува порталот, Галант на тој начин станал последниот во низата израелски функционери кој се повикува на американската „војна против тероризмот“ од почетокот на овој век, која наводно се надоврзува со израелската воена офанзива во Појасот Газа.

10-годишната глобална потрага по Бин Ладен заврши кога припадниците на американските специјални сили, таканаречените Фоки, го убија Бин Ладен во Пакистан во 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави