Ковачевски: Минималната плата ќе биде 22.500 денари, а невработеноста е 13,1 отсто и очекуваме да продолжи да се намалува

„Наредната година ќе имаме минимална плата која што ќе биде во висина од 22,500 денари, што историски е највисоко ниво, ќе имаме најниско ниво на неработност во државата, во моментот имаме 13,1 % на невработеност, последниот податок кој што беше пред почетокот на ова нова влада која беше 24%, што е огромно намалување на невработеност, имаме зголемување на вработеноста а наредната година се очекува 2% намалување на неработеноста“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека е јасно дека инфлацијата негативно влијаеше на стандардот на граѓаните, но тоа беше случај во цела Европа и во целиот свет.

„Меѓутоа и антикризните мерки кој што ги направивме за намалувањето на инфлацијата дадоа резултат“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека ние како држава имаме најголем пари на антикризни мерки во времето на мандатот на оваа влада, односно 760 милиони евра за пакетот антикризни мерки.
„Така ќе продолжиме и во иднина, меѓу тоа сега со потаргетиран пристап до крајот на ова година во буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки а за идната година се предвидени дополнително 55 милиони евра за антикризни мерки“ рече Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави