Во Италија се прошири сиромаштијата, соопшти денеска католичкиот фонд Каритас, наведувајќи дека во Италија 5,674 милиони луѓе живеат во сиромаштија, пренесе АНСА.
„Речиси 30 години од објавувањето на првиот извештај, феноменот на сиромаштија се промени во однос на бројот и социјалните профили (на погодените)“, се вели во годишниот извештај на фондот Каритас.
Тоа е зголемување за 357.000 луѓе во однос на 2021 година или околу 9,7 отсто од населението.
„Тоа е структурен проблем, не е како порано“, се вели во извештајот.
Каритас додаде дека 14,3 милиони се во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, што е 24,4 отсто од населението во Италија.