Фудбалската репрезентација на Албанија ремизираше 1:1 на гостувањето кај Молдавија во деветтото коло од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Со ова екипата обезбеди учество на завршниот турнир.
Гостите поведоа во 25. минута, а стрелец беше Сокол Чикалеши од пенал. Владислав Бабогло израмни во 90. минута, но за победа на Албанците беше доволен и нерешен резултат. Математички не можат повеќе да испаднат од квалификациите.
Албанија е прва во групата Е со 14 бодови, Чешка е втора со 11, Полска е трета со десет, исто толку има и Молдавија, додека Фарски Острови се на дното на табелата со само еден бод. Двете првопласирани селекции ќе се пласираат на ЕП.