Внукот на Шарл де Гол сака руско државјанство

Внукот на францускиот воен херој и поранешен претседател Шарл де Гол рече дека сака руско државјанство, истакнувајќи дека Русија нуди „големи можности“.

Пјер де Гол е малку познат во Франција, но руските државни медиуми ги поздравија неговите про-Кремљ изјави како доказ дека водечките западни гласови го поддржуваат нападот на Москва врз Украина.

„За мене би било чест да добијам руско државјанство“, изјави тој на културниот форум во Санкт Петербург.

Тој исто така додаде дека Русија „се бори за традиционалните вредности, семејството и духовноста“ во Украина и дека „НАТО изгубил“.

Како што пренесуваат агенциите, ова не е првпат еден досега малку познат потомок на најпознатото политичко семејство во Франција да ги разбранува духовите.

Ив де Гол, неговиот најстар брат, изјави за дневниот весник Паризиен во јануари дека ставовите на неговиот брат „не засегаат никого освен него – не мене, ниту на нашето семејство, а уште помалку генералот“. 

Треба да знаете
Последни објави