Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека уништиле објект во Појасот Газа што милитантната група Исламски џихад наводно го користела за производство на оружје.
„Го уништивме централниот пункт на северната команда на исламскиот џихад“, соопшти ИДФ, пренесува Харец.
Според извештаите, објектот се користел за производство на противтенковско оружје и за обука на борците на Исламскиот џихад. Се додава дека два камиони полни со оружје, делови за дронови и разузнавачки материјал се лоцирани и уништени.