Спасовски: Додека јас раководам со МВР нема шанса никој да укине ниту едно право коешто е стекнато досега

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на увидот во градбата на нова полициска станица во Аеродром, беше запрашан во врска со наводното укинување на бенефицираниот стаж на полициските службеници. Министерот Спасовски категорично демантираше:

„Еве уште една ноторна невистина која што се пласира во јавноста. Јас жалам што тоа го пласираат поединци од одредени синдикати од МВР. Ја видов таа информација дека наводно ќе се укине бенефицираниот стаж за вработените полициски службеници, дека наводно ќе се укине поволноста за пензионирање да се користат десетте најповолни години и дека ќе се укинат петте отпремнини кои ќе ги земаат полициските службеници. Упатувам порака до секој полициски службеник –  додека јас раководам со МВР нема шанса никој да укине ниту едно право коешто е стекнато досега”, рече министерот Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави