Во болница во Газа починаа 24 пациенти поради недостиг на струја

Поради недостиг на струја, 24 пациенти починале во болницата Ал Шифа во Газа, каде израелската армија продолжува со потрагата по оружје, соопштија претставници на Хамас. Според последните податоци, во израелската офанзива досега се убиени 12.000 Палестинци, меѓу кои 5.000 деца.

Израел претходно се согласи да дозволи два камиони гориво дневно да влезат во опколениот Појас Газа, каде што бројни болници престанаа да работат поради прекини на струја и прекини во испораката на хуманитарна помош. Поради ова, ОН предупредија дека тамошното население е во опасност од глад.

Портпаролот на Министерството за здравство на Хамас, Ашраф ал Кидра, изјави за АФП дека 24 пациенти починале во последните 48 часа во болницата Ал Шифа, бидејќи виталната медицинска опрема престанала да работи поради недостиг на струја од генераторот.

Треба да знаете
Последни објави