Иран: Не знаевме за планот на Хамас за 7 октомври

Највисокиот ирански дипломат вели дека Техеран им кажал на САД преку позадински канали дека не сака војната меѓу Израел и Хамас да се прошири, но исто така ги предупреди Американците дека регионален конфликт може да биде неизбежен доколку продолжат нападите на Израел врз Газа.

„Во текот на изминатите 40 дена, беа разменети пораки меѓу Иран и САД, преку одделот за интереси на САД во швајцарската амбасада во Техеран“, рече министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан во интервјуто, отфрлајќи ја можноста за директни разговори меѓу двајцата непријатели, пишува ФТ.

„Како одговор на САД“, додаде тој, „рековме дека Иран не сака да ја прошири војната, туку поради пристапот што го усвоија САД и Израел во регионот, ако злосторствата врз луѓето од Газа и Западот брег не запрат, може да се разгледа секоја можност, а поширок конфликт може да се покаже неизбежен“.

Иран, главниот поддржувач на анти-израелските исламистички милитанти во регионот, рече дека немале однапред известување за разорниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, позиција што ја потврдија и американските власти.

Но, западните земји сметаат дека Иран е одговорен за неговата широка поддршка на групите на отпорот против еврејската држава, вклучувајќи ги Хамас и либанскиот Хезболах, кој Иран го гледа како клучен столб на својата безбедносна стратегија.

Иранскиот министер за надворешни работи го обиколи регионот од почетокот на војната во Газа. Тој ги посети Ирак, Сирија, Либан, Турција, Катар и Саудиска Арабија. Тој се сретна и со лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Доха и со лидерот на Хезболах Хасан Насрала.

Треба да знаете
Последни објави