Околу 20 лица се повредени вечерва во судир на патнички и товарен воз недалеку од Оџаци во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Повредените, како што наведуваат од Министерството, се транспортираат во Здравствениот дом Оџаци и болницата во Сомбор.
До несреќата дошло кога патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз на пругата Оџаци – Ратково и по судирот излетал од шините.
И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево.