Тренчевска: Економското зајакнување е клучен аспект за справување со социјалниот ризик

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со Јулијана Накова Гапо националната директорка на СОС Детско Село, Флориан Трагер Стаинтјес, Прв Политички Секретар и Раковидител за прес на Амбасадата на Сојузна Република Германија ја отворија конференцијата во рамките рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2″. Конференцијата е организирана од страна на СОС Детско Село а е финансирана финансиран од Германското Министерство за Соработка и Економски развој.

„ Живееме во свет каде што социјалните ризици можат да се манифестираат во различни форми – економски тешкотии, дискриминација, предизвици со менталното здравје и многу повеќе. Наша обврска е, како сочувствителна и меѓусебно поврзана заедница, директно да ги решаваме овие прашања и да бидеме застапници и сојузници на оние кои се соочуваат со социјален ризик” објасни Тренчевска.

Таа истакна дека образованието и економското зајакнување се клучни за извлекување на младите од социјален ризик и воедно ги истакна заложбите на Министерството за труд и социјална политика.

„Ова е сегмент каде  што се приклучуваме ние како Министерство за труд и социјална политика. Наша клучна алатка е Оперативниот план со активни мерки и програми кој оваа година го проектиравме со 32 милиони евра  и е за 2 милиони евра повеќе од минатогодишниот Оперативен план за вработување. Додека гаранцијата за млади програмата која е тренд за земјите во Европската Унија, а ние ја спроведуваме како земја која не членка и можам да кажам дека сме особено горди на истата. Од 2018 година, а заклучно со 2022 година, 90.623 лица се вклучиле во оваа програма” рече Тренчевска.

На крај министерката порача на заедничко премостување на границите и градење на можности за создавање на општество во кое секој човек има можности. Ја поздрави иницијативата на СОС Детско село и повика на обединетост  кон поддршката на оние не кои им е најпотребна.

Треба да знаете
Последни објави