Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес, сабота, 18 ноември, со почеток во 11ч ќе промовира пригодна поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.
Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски”, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.
На промоцијата ќе присуствува и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази.