Израелската армија утринава даде рок од еден час да ги евакуира луѓето од болницата „Ал Шифа“ во градот Газа, пренесуваат странските агенции.
Ираелската воена операција во комплексот медицински установи продолжува веќе четврти ден. Околу 2.
300 луѓе – пациенти, медицински персонал и раселени лица – се наоѓаат во болницата „Ал Шифа“ и меѓународната загриженост за нивната судбина се зголемува.
Израел тврди дека исламистичкото движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, ја користи најголемата болница на палестинската територија како воена база.