Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска потврди дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.
„Разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа со претседателот Сиси и му се заблагодарив на Египет за неговата улога во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци“, напиша Лаиен на платформата Х (Твитер).
Таа најави дека се согласува со египетскиот претседател дека „не може да има принудно преселување на Палестинците“ и дека политичкото решение треба да се заснова на „создавање две држави, израелска и палестинска“.