Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 12 до 13 часот, поради најавен протест на булеварот Илинден пред Владата на Република Северна Македонија, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим во централното подрачје на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.