Приведено лице од Кочани, кај него пронајдени два пиштола на кои им ги фалсификувал ознаките

На 17.11.2023 во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.В.(49) од Кочани, поради сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување огнено оружје” по член 396-а од Кривичниот законик. Полициски службеници кај него пронашле и одзеле два пиштола калибар 7,62 мм без фабрички број, односно им биле избришани ознаките. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави