Заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска ќе престојуваат во работна посета на Општина Велес.
Како што соопштија од владината прес – служба, Битиќи и Шукова ќе направат увид на новоизградениот пат кон село Сливник како и ќе обиколка на зградата со социјални станови во Велес.