Британскиот тенисер Лијам Броди беше повикан во репрезентацијата наместо повредениот Енди Мареј и ќе биде дел од британскиот тим тимот за завршниот турнир од Дејвис купот што следната недела ќе се игра во Малага, Шпанија.
Како што најави селекторот на Велика Британија, Лајон Смит, Броди ќе биде дел од тимот кој на 23 ноември ќе игра во четврт-финалето против Србија, наместо Мареј.
Пред отказот на Мареј, кој го повреди рамото, британскиот селектор веќе се соочи со еден проблем, бидејќи поради повреда мораше да откаже и Ден Еванс. Британија на денот на настанот ќе дојде во Србија со: Камерон Нори, Лијам Броди, Џо Солсбери, Џек Дрејпер и Нил Скупски.