Денеска во Берлин околу 5.000 луѓе се собраа на митинг во знак на солидарност со Палестинците и против нападите на израелските сили на Појасот Газа.
Организаторите на митингот преку мегафон изјавија дека сакаат да живеат во мир со Евреите.
Тие исто така нагласија дека не ги поддржуваат терористичките организации и убиствата што ги изврши Хамас на југот на Израел на 7 октомври.