Шолц ја критикуваше израелската политика за населување на окупираниот Западен Брег

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја критикуваше израелската политика на населување на окупираниот Западен Брег и повтори повици за решение со две држави за Израел и Палестинците.

„Не сакаме нови населби на Западниот Брег, ниту насилство од доселениците врз Палестинците на Западниот Брег“, рече Шолц за време на посетата на Нутетал во регионот Бранденбург.
Шолц ја истакна и важноста на германската хуманитарна помош за Палестинците.

„Германија не е само на страната на Израел, туку заедно со САД е најголемиот донатор на хуманитарна помош за Палестинците“, истакна Шолц, наведувајќи дека без оваа помош болниците и училиштата нема да можат да работат.

Треба да знаете
Последни објави