Костадиновска – Стојчевска: Обезбедивме 32,8 милиони денари за обнова на училиштето во Љубојно

Владата обезбеди финансиски средства за обнова на старото училиште ,,Димитар Влахов” во селото Љубојно, кое треба да биде нов Центар за промоција на македонскиот јазик, објави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Обезбедивме 32,8 милиони денари за обновување на старото училиште ,,Димитар Влахов” Љубојно.

Местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет прераснува во современ „Центар за промоција на македонскиот јазик“.

Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска која ја исполнуваат.

Го чуваме споменот на македонските дејци и просветители и отвораме нови можности за домашните и странските млади лингвисти за соработка преку која ќе се афирмираат македонсите природни убавини, историја и култура“ вели министерката.

Треба да знаете
Последни објави