59 возачи под дејство на алкохол казнети на територијата СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи. Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави