Луксузно возило „Ферари 250 ГТО“ од 1962 година оваа недела беше продадено на аукција во „Сотби’с“ во Њујорк, САД, за 51,7 милиони долари.
По производството и неколку години возење ширум Италија, ова „Ферари“ во 1960-тите било пренесено во САД. Возилото било продадено и во 2018 година, исто така во „Сотби’с“, за 48 милиони долари. Автомобилот претходно цели 38 години бил во сопственост на американски колекционер.
Но и покрај астрономската цена, ова е „само“ вториот најскап колекционерски автомобил продаден на наддавање.
Рекордот го држи „Мерцедес бенз 300 СЛР“, продаден за 135 милиони евра во мај 2022 година.