Ново шесто соочување ќе има вечерва (20.45 ч.) во Скопје меѓу најдобрите фудбалски селекции на Македонија и Англија. Мечот ќе биде без натпреварувачи предизвик, бидејќи Англија предвреме си извади виза за настап на завршницата од ЕП идната година во Германија, а Македонија испадна од трката за позициите кои водат на завршниот турнир.
Сепак, дуелите со водечките селекции во фудбалскиот свет остануваат предизвик за навивачите, но и за фудбалерите кои во ове пресметки гледаат мотив за самодокажување. Македонија во досегашните пресметки со „Гордиот Албион“ има две гостински реми, во Саутемптон и Манчестер, каде пак на неодамнешното последно јунско гостување од овој циклус за ЕП-2024 од „Олд Трафорд“ беше испратена со полна мрежа до врв (7:0). Англија за двата претходни неуспешни двобои со Македонија си наплати со камата. На ред е Македонија да стигне до прв позитивен резултат на домашен терен во пресметките со Англија. На претходните две гостувања во Скопје „Гордиот Албион“ се провлече.
Според информациите од ФФМ се очекуваат полни трибини. За да нема мешаница ФФМ повика гледачите навреме да ги заземат своите позиции на трибините оти вратите за влез ќе бидат затворени половина час пред почетокот на мечот.
За овој дуел на Арената „Тодор Проески“ е поставен нов „зелен тепих“ со што се исполнети сите предуслови за добра фудбалска претстава.
Квалификации ЕП 2004
Англија – Македонија 2:2
Македонија – Англија 0:1
Квалификации ЕП 2008
Македонија – Англија 0:1
Англија – Македонија 0:0
Квалификации ЕП 2024
Англија – Македонија 7:0