Научниците открија дека посетата од пријателите и семејството барем еднаш месечно може да ви помогне да живеете подолго.
Според една неодамнешна студија објавена од Универзитетот во Глазгов во BioMed Central Medicine, истражувачите откриле дека постои корелација помеѓу тоа колку често лицето било посетено од семејството и пријателите со нивниот животен век. Оние кои никогаш не биле посетени од нивното семејство, наводно, имале поголем ризик да умрат.
Во услови на тековната епидемија на осаменост, социјалната изолација претходно беше поврзувана од истражувачите со пократок животен век. Оваа најнова студија се обиде да го разбере ефектот што различните видови на социјална интеракција го имаат врз нашиот квалитет на живот, со посети од пријателите и семејството, учеството во неделна групна активност и неживеењето сам.
Истражувањето било направено на група од 458.146 учесници, на возраст меѓу 37 и 73 години, со просечна возраст од 56 години, а податоците беа собрани помеѓу 2006 и 2010 година.
Истражувачите им поставуваа прашања на учесниците за петте различни форми на социјална интеракција: колку често тие можеа да се доверат некој нивен близок, колку често се чувствувале осамено, колку често ги посетувале пријателите и семејството, колку често учествувале во неделна групна активност и дали живееле сами или не.
Студијата меѓу другото покажа дека „без оглед на неделната групна активност или функционалните компоненти“, оние кои никогаш не ги посетиле пријателите или семејство, имаат 77 отсто поголема веројатност за ризик од смрт.
Групата на истражувачи не се првите кои ги поврзуваат подолгиот животен век и активниот социјален живот. Познати се „сините зони“, места со особено голема популација на стогодишници. Во сините зони како Икарија во Грција или Окинава во Јапонија, социјалната интеракција е приоритетна во заедницата.
Бидејќи дигиталната ера и пандемијата донесоа зголемување на социјалната изолација, експертите велат дека е важно младите луѓе да го негуваат својот социјален живот и да учествуваат во нивните заедници.