Во последните неколку години, во неколку наврати беше докажано дека доживувањето оргазам придонесува за подобрување на здравствена состојба.
Дали оргазмот е клуч на доброто здравје и превенција од некои мошне опасни болести? Ако може да им се верува на некои од истражувањата, тогаш тоа е точно. Во последните неколку години, во неколку наврати беше докажано дека доживувањето оргазам придонесува за подобрување на здравствена состојба.
Еве кои болести оргазмите може да ги спречат:
Рак на дојка
Оргазмот дефинитивно придонесува за здравјето на луѓето. Некои истражувања покажале дека оргазмите го спречуваат настанувањето на ракот на дојка и тоа не само кај жените, туку и кај мажте. Окситоцинот што настанува за време на оргазмот го спречува и настанувањето на канцерогените ќелии. Значи колку повеќе оргазми, толку повеќе окситоцин и помалку шанси за развој на карцином.
Срцеви болести
Оргазмите се добри и за здравјето на срцето. За време на оргазмот доаѓа до лачење на голем број хормони, а некои од нив природно ги лекуваат артериите. Познато е дека чистите артерии го зајакнуваат протокот на крвта до срцето, прават срцето да работи подобро и го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Тоа е докажано со повеќе истражувања.
Физичка болка
Голем број истражувања покажаа дека оргазмите ја олеснуваат болката. Поточно, тие ја намлуваат болката дури и кога станува збор за породување по природен пат.
Оргазмите ја намалуваат главоболката, болката по здобиени скршеници и сите други повреди што може да предизвикаат непријатно чувство.