Интегрален текст од прес-конференција на Лазе Таневски, пратеник од СДСМ:
Градоначалниците на ДПМНЕ, за 2 години имаат НУЛА резултати, но еден куп скандали.
Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ.
Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет.
Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?
Молчи ДПМНЕ, молчи Мицкоски.
Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.
Уште еднаш се потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше.