Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета – вели амбасадорката на САД Анџела Агелер.– Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава – нагласува Агелер.
Зборувајќи за минатонеделното ставање лица и компании на „црната листа“ на САД, Агелер во интервју за телевизија Телма, вели дека е интересно тоа што секој пат кога назначуваат луѓе за корупција во оваа земја, секој граѓанин и секој пријател со кој разговара, вели: „се разбира“.
– Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава – нагласува Агелер.
Во назначувањата кои ги видовме досега, посочува амаериканската амбасадорка, корупцијата нема тенденција да остане во една држава.
– Балканот е област која е многу поврзана и секако тоа го видовме и со назначувањата тука, но мислам дека една од важните поенти кои ги нагласивме во нашата објава минатиот четврток, кога беа објавени назначувања, е дека со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја, или на друго место во регионот – изјави Агелер.
Агелер, меѓу другото, во интервјуто нагласи дека САД и амбасадата на САД работат многу посветено повеќе од 30 години, да го поддржат судството, на сите нивоа.
– Силно и јасно сме посветени на поддршката на институцијата, на правосудството, а не само на поединечен судија. Врховниот суд за оваа земја, и за мојата е неверојатно моќен симбол, тоа е „последниот бедем“, како што велиме ние, и од она што го дискутирав со судиите е колку е важно за сите нив, индивидуално и како тело да го следат правото кога ги донесуваат одлуките, за луѓето во оваа земја да разберат, како и зошто се носат тие одлуки – изјави Агелер