Македонската фудбалска репрезентација со реми против Англија го заокружи квалификацискиот циклус.
Натпреварот почна со иницијатива на Англија, гостите играа на нашата половина, а првиот конкретен обид го имаа преку Деклан Рајс кој биеше од далечина и ја погоди стативата од голот на Димитриевски. Во финишот од првиот дел Миовски доби удар со лакт од дебитантот Рико Луис, а судијата откако ја прегледа снимката покажа на белата точка за нашата репрезентација. Барди го изведе пеналот, ударот го одби Пикфорд, но одбиената топка дојде до македонскиот фудбалер кој даде гол за водство од 1-0.
Со почетокот на вториот дел тргна лавина напади на Англија. По една минута игра Грилиш постигна гол по асистенција на Сака, но ВАР го поништи погодокот поради офсајд.
Во 58. минута Саутгејт го пушти Кејн во игра, а напаѓачот на Баерн Минхен го изедначи резултатот на 1-1. Фоден нафрли од корнер, а Кејн со глава реализираше за Англија.
Со овој меч се заокружи уште еден квалификациски циклус на македонската репрезентација, завршивме со осум освоени бода, две победи, две нерешени и четири порази.