МВР потврди дека скопјанецот С.А. (76) е планинарот за кој се верува дека починал од срцев удар на Пелистер.
„На 19.11.2023 година во 12.30 часот во Битола СВР било пријавено дека во близина на местото викано „Љубовница“ на Баба Планина било пронајдено починато лице.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Битола при што било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинската група која се движела кон Пелистер.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицина помощ Битола. На местото на увидот, увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е испратено на обдукција“, информира МВР.
Тој не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола за да планинарат. Станува збор за искусен планинар. Пријателите со кои бил, први побарале помош, но поради непристапноста на теренот, телото најверојатно ќе се симнува со хеликоптер. Тие се наоѓале во близина на Ловечка куќа на надморска висина од околу 2.000 метри.