Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 77, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 75,5 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,559 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,773 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,158 отсто, кај дизелот има намалување за 0,807 отсто, кај екстра лесното масло за 1,158 и кај мазутот намалување за 1,035 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562 отсто.